Hristina Sekuloska & Irena Milojeska
ХРИСТИНА СЕКУЛОСКА И ИРЕНА МИЛОЈЕСКА
Space Installation
source: aestheticamagazine
The constructions of collaborators Hristina Sekuloska and Irena Milojeska see them assume an architectural mindset in order to challenge the boundaries between the spatial and the temporal and the physical and psychological. Space Installation 0.01 takes the concept of home and transforms it into a form both precise and open to multiple interpretations.
.
.
.
.
.
.
.
source: rebornmk
Борбата против кичот, политиката и општествените промени има стотици начини на кои може да се води.
Кога ќе се спојат архитектонските равенки, философијата, идеалот и креативноста, ќе дојдеме до Христина Секулоска и Ирена Милојеска. Овие млади и талентирани девојки студираат на Архитектонскиот факултет во Скопје и со своите дела, освен што се професионални во нивната сфера, ја прикажуваат како уметничката, така и револуционерната страна на архитектурата.
Последната инсталација на која работеа Христина и Ирена беше „Space Installation“, со која учествуваа на овогодинешниот фестивал Паратисима, каде ја освоија првата награда.
„Концептот е да се создаде куќа која нема локација, ниту програма, а воедно е критика за инволвираноста на политиката во архитектурата. Инсталацијата е изработена од железна конструкција од три челични концентрични кругови прикачени со јажиња за гелендерот и кровната конструкција на МКЦ, од кои висеа околу 900 конци со подна завршница од кристали на уреа и поливинил алкохол.“
Тие изградија куќа која не постои и истата таа куќа со нејзиното непостоење го исполнува условот, политиката да не влијае на архитектурата.